Денес група студенти од Факултетот за безбедност при работа во Свети Николе, имаше можност практично да се запознае со она што се изучува по предметите Менаџмент на природни ресурси и Проценка на ризик на работно место.
Инженерот за животна средина, кој беше нашиот домаќин во рудникот Ежево Брдо, им одржа предавање на нашите студенти за рационално искористување на природните ресурси. Исто така, на студентите им беше демонстрирана постапката за процес на минирање, како и условите под кои треба да се работи.