На 27-ми мај 2015-та година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе гостуваа професорите Urska Velikonja и Brian Sawers, од универзитетот „Емори“ во САД.
Тие пред студентите од нашите факултети за безбедносно инженерство и правни науки одржаа предавања на тема „Правна регулатива во САД за безбедност на работно место“ и „Компензација при повреда на работното место“.
Предавањата беа одржани и на Славјански во Битола во четвртокот (28.05.2015), со почеток од 12:00 часот. Благодарност до професорите кои беа исклучително конструктивни во дебатата која се разви после предавањата и одговорија на голем број на прашања кои беа поставени од присутните.