Со воведувањето на нови студиски програми и организација на втор циклус последиплосмки стручни студии, главната цел на нашиот Факултет за информатика е да го подигне степенот на квалитетот на високото образование во областа на информатичките науки преку воспоставување на стандардите усвоени на светски признатите факултети за информатика.
Студиските програми се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето информатичко образование и да се занимаваат со специјализирана информатичка струка.
Факултетот за информатика нуди две насоки на последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).
- Втор циклус на студии
- Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
- Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)
Последипломските студии се дизајнирани за да понудат идеален баланс помеѓу теорија и пракса, а можат да служат и како надополнување на Вашето претходно знаење од друга област, што може да обезбеди работно место на интердисциплинарна позиција.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/