Деновиве Меѓународен Славјански Универзитет по втор пат беше домаќин на проф. д-р Елса Барбоса од Политехничкиот институт во Бежа, Португалија, во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен кадар.
Во рамки на посетата на кампусот во Свети Николе таа оствари средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ и со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.
Еразмус+ мобилностите претставуваат значаен дел од стратегијата за интернационализација на Меѓународен Славјански Универзитет, а размената на добри практики и знаења во рамките на програмата Еразмус+ придонесува за професионалниот развој на кадарот.