
Ректорот на МСУ, проф. д-р Васко Стамевски го проширува меѓународното партнерство преку посета на Атина
25 јули 2025
Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет во посета на Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Бугарија преку програмата Еразмус+
29 јули 2025Меѓународен Славјански Универзитет е домаќин на Мелике Озјурт Донмез, предавач по англиски јазик на Универзитетот Окан во Истанбул, Република Турција. Во рамки на програмата Еразмус+ за административен кадар, таа ја реализира својата мобилност од 20 до 26 јули 2025 година, како претставник на Подготвителното одделение за странски јазици при нејзиниот универзитет.
За време на престојот Мелике Озјурт Донмез веќе оствари неколку средби со нашиот менаџмент, размени добри практики со колеги од МСУ и направи прошетка на универзитетскиот кампус во Свети Николе, запознавајќи се со инфраструктурата и академската понуда на универзитетот.
Оваа посета претставува уште една успешна интернационална соработка и поттикнува натамошен развој на академските врски меѓу двете институции.




