Во месец јули 2024 година Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на повеќе вработени од Универзитетот Окан од Истанбул, Турција. Дидем Тој, Елиф Тугче Даг, Сибел Озтас, Емине Ајдоган Четин и Бусра Четин го посетија Меѓународен Славјански Универзитет во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар.
Во рамки на посетата на кампусот во Свети Николе остварија средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ и со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.
Еразмус+ мобилностите претставуваат значаен дел од стратегијата за интернационализација на Меѓународен Славјански Универзитет, а размената на добри практики и знаења во рамките на програмата Еразмус+ придонесува за професионалниот развој на кадарот.