Доцент д-р Невена Груевска е нов претседател, и прва жена претседател на Македонско научно друштво – Битола. Одлуката за избор на д-р Груевска е донесена на редовно изборно Собрание кое се одржа на 29 септември во пациото на битолскиот Музеј. Македонското научно друштво – Битола е основано во 1960 година.
Доц. д-р Невена Груевска предава група предмети на Факултетот за безбедносно инженерство при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.
Членовите на изборното Собрание на Македонско Научно Друштво – Битола едногласно изгласаа во наредниот две годишен период функцијата потпретседател да ја врши вонреден проф. д-р Сашо Кочанковски, кој исто така предава на група предмети на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.
Извор: BitolaNews.mk