Ректор на МСУ
проф. д-р Душан Николовски
На крајот од оваа 2013-та година, издвојуваме малку време за да се потсетиме на годината што изминува, носејќи ги со нас лекциите и поуките што ги извлековме во истата. Како универзитет, можеме да кажеме дека имавме една успешна година, за што сведочат не само нашите достигнувања, туку и бројните достигнувања и успеси на нашите студенти.
Идната година, како и многу други пред неа, ќе донесе нови предизвици и нови шанси и јас сум убеден дека нашиот ентизујазам и нашата посветеност во работата ќе ни донесат многу успеси и исполнување на сите поставени цели. Во наредните дванаесет месеци ние ќе се трудиме уште повеќе да се надоградуваме и да се усовршуваме како модерна образовна институција која ги исполнува сите услови што му се потребни на еден студент.
Ги поздравувам сите наши студенти, професори и деловни партнери, во името на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, и им ја честитам Новата 2014-та година, со надеж дека ќе биде уште поубава и поуспешна од претходната! Среќни празници!