Божидар Митев, студент на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет во Св. Николе, во моментов е на Еразмус+ мобилност во Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Хрватска.
Божидар ќе престојува на нашиот партнерски универзитет еден семестар и веќе активно присуствува на предавањата и активностите организирани од факултетот, што му овозможува да ги унапреди своите академски и професионални компетенции. Во рамки на активностите, тој оствари средба и со поетот Михајло-Миќо Зечевиќ.
Меѓународен Славјански Универзитет постојано работи на подобрување на студентското искуство и можностите за студирање. Искуствата на нашиот студент ќе ни помогнат дополнително да ги согледаме предностите и предизвиците на меѓународната академска соработка и ќе придонесат кон понатамошно подобрување на нашите образовни програми.
Со учество во Еразмус+ програмата Меѓународен Славјански Универзитет уште еднаш потврдува дека е посветен на создавање на подобри можности за сите студенти.