
Крешимир Мишак на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе
12 септември 2025Меѓународен Славјански Универзитет ја започна Climate Week NYC 2025 со Forbes Sustainability Leaders Summit 2025
23 септември 2025На 19 септември, амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше местото каде што се одржа едно од највпечатливите предавања оваа академска година. Гостин пред многубројната публика беше Крешимир Мишак – хрватски новинар, писател, предавач и музичар, најпознат како автор и водител на телевизиската емисија „На Рубу Знаности“, каде што ги истражува границите помеѓу науката, филозофијата и алтернативните светогледи.
Во своето предавање, Мишак ја отвори темата за влијанието на технологијата врз човековата еволуција и општествените трансформации. Неговите ставови и идеи поттикнаа активна дискусија меѓу присутните, кои со голем интерес поставуваа прашања и споделуваа размислувања. Настанот беше динамичен, интерактивен и полн со инспиративна енергија.
Присутните имаа и ексклузивна можност да се сретнат лично со авторот, да разменат неколку зборови и да набават примероци од неговите книги со личен потпис – момент кој ќе остане во сеќавање на многумина.
Меѓународен Славјански Универзитет упатува благодарност до сите што беа дел од оваа вечер на идеи, отворен дијалог и интелектуално истражување. Поддршката и интересот што постојано ги покажува нашата заедница се мотивација да продолжиме со организирање на настани кои го поттикнуваат критичкото размислување и го збогатуваат академскиот живот.