„Инклузијата во образованието претставува процес на меѓусебно уважување на различноста на секој ученик и на неговите потреби, каде ученикот е во центарот на вниманието, а образовниот систем се справува со предизвиците исправени пред сите ученици. Успешен и квалитет просветен работник мора да знае дека сите деца се различни и значајни во воспитно-образовниот процес и согласно на тоа и да ја прилагодува наставата“ – вели доц. д-р Горица Поповска Налевска, професорка на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.
Суштина на инклузивната настава е како редовните училишта и одделенијата да се развијат на начин кој ќе одговара на образовните и социјални потреби на секој ученик, како да се оформат во место каде секој ученик припаѓа, каде што е прифатен и поддржан од соучениците и сите останати членови на училишната заедница? Флексибилноста на образовниот системот се рефлектира врз методите и материјалите што се користат за да им се овозможи на сите ученици најефикасен пристап до редовните наставни програми.
Дидактиката треба да одговори на прашањата зошто да се учи (цел, задачи), што да се учи (содржини), како да се учи (наставни методи, постапки), со што да се учи (наставни средства, медиуми). Тргнувајќи од фактот дека инклузивното образование е релативно нов образовен концепт во многу земји во светот се наметна потребата од проучување на инклузивната настава како дидактички нов, современ модел на организирано поучување и учење кое заедно ги опфаќа, прифаќа и интензивно ги вклучува сите ученици (без разлика на национална и етничка прирадност, пол, развојни тешкотии или надареност, социјален статус и сл.) во процесот на учење, според нивните индивидуални потенцијали и интересирања.
Оваа книга, првенствено е наменета за идните психолози, наставници и педагози, но и за сите воспитно – образовни работници кои поради современите трендови за инклузивно образование сè повеќе во својата пракса се соочуваат и работат со ученици кои отстапуваат од рамката на просечноста и отстапуваат од примената на вообичаените, традиционални наставни практики. Книгата треба да ги поттикне студентите од наставничките факултети, психолозите, педагозите, да размислат во насока на надминување на стереотипите и предрасудите кон одредена категорија на ученици, да размислуваат за тоа колку треба да бидат чесни во пристапот кон развојот и учењето на децата и нивните специфични потреби, интереси и можности.
Публикацијата е издадена од Меѓународен центар за славјанска просвета, официјалната издавачка куќа на МСУ и може да се нарача овде.
Рецензенти на книгата „Инклузивна настава – современ дидактички концепт“ се:
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |