Резултатите од Еразмус+ проектите пристигнуваат и денес добивме убави вести од Романија.
„SolidArt – образование без граници“ е одобрен проект на здружението Kreativ Research на професорката Илеана Ротару од Романија, а нашето Здружение на студенти МСУ е партнер во проектот.
Оваа фотографија е направена пред неколку години, на нашата прва средба со професорката Илеана, уште додека заедничките Еразмус+ проекти беа во „нашите планови за идна соработка“.