Универзитетот на годишно ниво има преку 100 настани низ разни градови од областа на културата, уметноста, музиката, книжевноста, спортот, науката итн. кои ги финансира самостојно. Универзитетот на своите студенти, но и на останатите граѓани им нуди широк спектар на настани, како концерти, изложби, филмски и театарски фестивали, спортски натпревари, промоции на книги.
Настаните се клучен дел од работата на универзитетот, бидејќи преку нив се зајакнува репутацијата на универзитетот, како и универзитетскиот дух.
Овој сектор го изработува годишниот план за настани, поднесува предлог-буџет за секој настан одделно, ги координира сите сектори во насока на организирање на настаните и прави план за нивната организација.
Во соработка со маркетинг и PR секторот, Центарот за настани работи на планирањето на промоцијата на настаните, целната публика, целите, доставување на поканите. По завршувањето на настанот во форма на извештаи се анализираат придобивките од организирање на настанот, предностите, како и недостатоците и се даваат предлози за идни подобрувања.
Во последните години има значително згоемување на активностите, и по квантитет, но и по квалитет, бидејќи значително е подобрена работата споредбено со претходниот период. Во однос на оценувањето на работата на оваа служба студентите ја оценуваат со највисока оценка, што дава за право бројот на вработени во иднина да биде зголемен како би се стимулирала уште поквалитетна и подобра работа на овој исклучително важен сектор.