Бренд менаџментот го дефинира имиџот на универзитетот и неговото претставување во јавноста. Секторот за бренд менаџмент вработува млади, талентирани луѓе кои работат на позиционирање на брендот МСУ на пазарот во Република Северна Македонија, но и во странство.
Бренд менаџментот на универзитетот се грижи брендот да биде во согласност со мисијата и визијата на универзитетот и дава насоки во подготовката на маркетинг кампањите. Исто така, овој сектор ги следи трендовите, ги истражува можностите што другите универзитети ги нудат, и се обидува да изнајде нови начини за претставување на универзитетот подобро од конкуренцијата.
Секторот за бренд менаџмент ја дава иницијативата за креирање на маркетинг кампањите, и потоа ги одобрува или подобрува истите. Бренд менаџментот ја проследува работата до маркетинг секторот, кој подоцна комуницира со останатите сектори, со цел да формираат уникатни кампањи за претставување на универзитетот во неговото вистинско светло.