Комбинираната интензивна програма “Beyond Slides and Speeches: Strategies for Delivering Powerful Academic Presentation” организирана во рамките на Еразмус+ програмата продолжи во Mayberry Lake во Претор и на МСУ кампусот во Битола, каде официјално беше затворена на 20. февруари 2024.
Во Mayberry Lake Претор предавачи беа м-р Мартин Ѓорѓиев и доц. д-р Горица Поповска кои се фокусираа на развивањето и користењето на интерактивни техники во презентирањето. На МСУ во Битола беше организирано предавање и со м-р Мартин Савевски, на која беше посветено внимание на техничката подготовка на презентациите.
Програмата која започна на 16 февруари 2024 во Свети Николе, беше организирана со цел да ги подобри вештините за презентирање на студентите и е резултат на соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет, Универзитетот Аксарај од Турција, Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија и Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив, Бугарија. Комбинираната интензивна програма е дизајнирана да биде интерактивна и вклучува физичко присуство во Свети Николе и Претор, додавајќи значајна виртуелна компонента за комплетно образовно искуство.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да биде креатор на добри практики во образованието, подготвувајќи ги студентите за глобални предизвици преку организирање на програми кои ги поттикнуваат критичкото размислување, креативноста, како и ефикасната комуникација.