Почитувани,
имаме голема чест да Ве поканиме на прославувањето на Масленица, руски празник со кој традиционално се прославува заминувањето на зимата и доаѓањето на пролетта. Масленица е весел празник со многу песни и традиционални руски танци и веќе шеста година по ред се прославува во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет.
Бидете и вие дел од прославувањето на Масленица на 1-ви март, 13:30 часот, во амфитеатарот на МСУ – Св. Николе. Се гледаме таму!