После еден семестар предавања курсот „Латински за правници“ ќе заврши во четврток (30.12.2021). Учесниците на овој курс имаа можност да се запознаат со латинскиот јазик на повеќе нивоа.
Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ за првпат на овие простори организираше курс насловен „Латински јазик за правници“, кој можеа да го слушаат и да го изучуваат не само студентите на факултетите за правни науки и правници воопшто, туку сите кои беа заинтересирани да ја совладаат правната терминологија со која речиси секојдневно се сретнуваме.
Предавањата ги држеше проф. д-р Даниела Тошева, дипломиран класичен филолог, која има преведено значајна литература од латински и од старогрчки јазик што се однесува на римското право.
Слушателите кои ќе го положат тестот на крајот на курсот ќе добијат сертификат издаден од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ за познавање на латинската правна терминологија, односно диплома за завршен курс.
Најпрвин го изучуваа основниот латински преку следење на животот на семејството на Цецилиј, чиј дом е пронајден во урнатините на Помпеи (содржина која е предвидена во Кембриџ програмата за изучување на латинскиот јазик по примерот на современите јазици). Со тие содржини истовремено ја изучија и културата на Римјаните, но и терминологијата што се употребува и денес.
Во часовите беше предвидено да се изучува латинскиот преку правната терминологија (Lingua Latina viva) и правните изрази (dicta et sententiae), кои беа толкувани во поширока рамка, со цел да се поврзе одредена појава или правило од римската правна историја со современата.
Во текот на предавањата, слушателите имаа можност да се запознаат со латинизмите во македонскиот јазик, кои пред сè се поврзани со правото, но и може да се употребуваат и во поинаков контекст. Ја совладаа правилната употреба на овие зборови кои одамна имаат влезено во македонскиот јазик и сè уште влегуваат посредно преку англискиот, но го запознаа и нивното автентично значење. Сите овие содржини беа организирани тематски според правната област на која се однесуваат.
Предавањата се реализираа двапати неделно во траење од 60 минути. Првото предавање се одржа на 19 октомври.
Повеќе информации за курсот можете да најдете на овој линк.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |