Бруцоши, ве известуваме дека по повод почетокот на новата академска година, тимот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“подготви свеченост за доделување на индексите.
На почетокот на секоја академска година традиционално се одржува свечено доделување на индекси во Свети Николе и Битола. Ова се датумите за 2017-та година:
Свети Николе на 15.09.2017 во 12:00 часот
Битола на 16.09.2017 во 12:00 часот
Тоа е одлична прилика да ги запознаете вашите нови колеги! Настанот е отворен за сите, па така и вашите родители и пријатели се добредојдени. Се препорачува да пристигнете барем 30 минути порано, поради проверка на документите.