Студентите од Факултетот за правни науки и Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на семинарот „Парламентот како основна институција на парламентарното право“, организиран од Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија.
Тие се запознаа со работата на Собранието, законодавната постапка и надлежностите на пратениците. Посетата беше организирана од проф. д-р Јагода Митревска, а реализирана од асс. м-р Филип Тасковски, во рамки на заложбите на Универзитетот за поддршка на воннаставни активности и практична надградба на студентите.
Настанот овозможи студентите директно да се поврзат со институциите и да го збогатат своето знаење преку практично искуство, што е од големо значење за нивниот понатамошен професионален развој.