Од 19-ти септември во Камчија (близу Варна) започна петтиот Европски фестивал на студенти кои го изучуваат рускиот јазик «Друзья, прекрасен наш союз!».
Учество земаат повеќе од 300 учесници од 18 земји од Европа.
2016 година е година на киното во Русија и по тој повод организаторите на фестивалот решија да стават акцент на руската кинематографија.
Нашите учесници земаа учество во сите конкурси: подготовка на кино поздрав, интелектуален ринг, музички конкурс, натпревар по руска граматика, флешмоб на плажа итн.
На музичкиот конкурс нашата екипа се претстави со кореографија на песна од филмот Стиляги, односно Хипстери, и од жири комисијата ги доби највисоките оценки: четири десетки и една деветка.