МСУ го одбележа Меѓународниот ден на човековите права
10 декември 2024Успешна симулација на собраниска седница на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола
16 декември 2024Студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на еднодневниот едукативен семинар на тема „Парламентот како основна институција на парламентарното право“. Семинарот беше организиран од Парламентарниот институт и беше посветен на продлабочување на знаењата за функционирањето на парламентот и обезбедување платформа за меѓуинституционална академска соработка.
Од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа проф. д- р Јагода Митревска, д-р Мартин Ѓорѓиев и м-р Филип Тасковски.
Освен студенти од МСУ, на семинарот учествуваа и студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Програмата вклучуваше детални предавања за составот, структурата и функционирањето на парламентот, правната положба и одговорностите на пратениците, надлежностите на Собранието, историјата и развојот на македонскиот парламентаризам.
На семинарот присуствуваа пратениците Јована Мојсоска и Игор Здравковски кои преку интерактивни сесии со студентите им овозможија директен увид во предизвиците на пратеничката функција и работата на Собранието.