Почитувани колеги,
на нашиот Универзитет, како што веќе знаете, за студентите од Факултетите за економија и психологија постои можност да се стекнат со двојна диплома, од кои едната е македонска, издадена од ПВУ МСУ „Г. Р. Державин“ – Македонија, а другата руска, издадена од Државниот Тамбовски Универзитет – „Г. Р. Державин“ – Тамбов, Русија.
Ги известувме сите веќе запишани студенти кои се заинтересирани за стекнување на диплома од „Г. Р. Державин“ – Тамбов, Русија, дека сè уште постои можност да се стекнат со истата, иако студирањето во моментот им е само по македонска програма.
За дополнителните услови за стекнување со таква диплома, сите заинтересирани студенти од Факултетите за економија и психологија можат да ги исконтактираат нашите служби за студентски прашања во Битола и Св. Николе, најдоцна до 31-ви јануари, 2014 година, до кога ќе бидат направени конечните списоци за оваа учебна година.
Битола: 047 238 077
Св. Николе: 032 440 202