Резултати од Есенскиот ликовен и фото конкурс – 2020
Почитувани учесници,
како што беше најавено, резултатите од Есенскиот ликовен и фото конкурс 2020 ги објавуваме денес, на 15 декември. Пристигнаа 849 исклучително квалитетни ликовни дела и фотографии од талентирани уметници и фотографи од сите генерации. Оправдано доцниме неколку часа со резултатите, бидејќи поради големиот број квалитетни дела, наместо ветените 3 награди, комисијата одлучи да додели вкупно 50 награди (25 во категорија фотографии, 25 во категорија ликовни дела) и тоа:
25 награди за фотографии
1 место – златна плакета + таблет
2 место – сребрена плакета + комплет за сликање со платно
Сите останати учесници ќе добијат електронски сертификати за учество во тек на месец декември.
Виртуелната изложба на сите 849 пристигнати дела се одржа на 14-ти декември, со почеток од 13:00 часот. Повеќе за виртуелната изложба можете да прочитате овде или за да го погледнете видеото кликнете овде.
Задачата на жирито не беше лесна, пред се поради фактот што делата кои пристигнаа беа од многу различни генерации. При оценувањето жирито се трудеше предвид да ги земе не само критериумите, но и возраста на учесниците.
За секое од пристигнатите дела се трудевме да ја провериме оригиналноста, посебно за наградените дела.
Благодарни сме на сите што ги доставија нивните дела бидејќи знаеме колку е тешко да се твори во овие тешки времиња. Без разлика што не можеме да ги наградиме сите дела, би сакале да ви посакаме да не се обесхрабрувате, да продолжите да творите. Креативноста, инспирацијата, уметноста треба да бидат наши водилки во време на изолација бидејќи ни ја пружаат слободата која толку многу ни е потребна. Уметноста не поврзува со еден замислен свет во кој се е дозволено и се е возможно.
Во продолжение ги објавуваме имињата на наградените и нивните дела. Сите добитници на наградите ќе бидат контактирани во тек на месец декември за доставата.
Категорија фотографија
1 место – Мартина Салова Чешновар, Скопје
2 место – Матеј Грозданов, Охрид
3 место – Даниел Костоски, Охрид
ТОП 25 – Леонида Костова, Скопје
ТОП 25 – Елена Петковска, Неготино
ТОП 25 – Алмира Шукурица, Љубин
ТОП 25 – Јасмина Талеска Ристеска, Прилеп
ТОП 25 – Бобан Стојаноски, Охрид
ТОП 25 – Викторија Николовска, Битола
ТОП 25 – Мерима Бабачиќ, Скопје
ТОП 25 – Мерима Ибровиќ, Скопје
ТОП 25 – Антица Павлеска, Струга
ТОП 25 – Владимир Јакимовски, Свети Николе
ТОП 25 – Стефан Божаров, Скопје
ТОП 25 – Јована Анѓелкоска, Тетово
ТОП 25 – Елена Василева, Скопје
ТОП 25 – Дијана Илиовска, Прилеп
ТОП 25 – Славчо Малезанов, Охрид
ТОП 25 – Станка Џекова, Скопје
ТОП 25 – Стефани Брламова, Гевгелија
ТОП 25 – Емилија Николовска, Демир Хисар
ТОП 25 – Маринела Малчева, Неготино
ТОП 25 – Александар Зарков, Скопје
ТОП 25 – Софија Ставрева, Охрид
ТОП 25 – Никола Атанасовски, Битола
Категорија ликовни дела
1 место – Константин Солак, Битола
2 место – Ивана Пенчова, Штип
3. Ана Марија Стефаноска, Скопје
ТОП 25 – Ана Трпевска, Скопје
ТОП 25 – Анастасија Ризоска, Прилеп
ТОП 25 – Тина Таскова, Штип
ТОП 25 – Стефанија Цветановска, Скопје
ТОП 25 – Сања Димитрова, Кочани
ТОП 25 – Мила Ѓорѓевска, Куманово
ТОП 25 – Љупка Николовска, Битола
ТОП 25 – Мартин Стојчески, Тетово
ТОП 25 – Елена Ивчева, Велес
ТОП 25 – Зорица Пецева Гелевска, Куманово
ТОП 25 – Меланија Додевска, Куманово
ТОП 25 – Лилјана Ристеска, Прилеп
ТОП 25 – Христина Христова, Кочани
ТОП 25 – Константин Марковски, Скопје
ТОП 25 – Хари Стеваноски, Прилеп
ТОП 25 – Ева Дејановска, Гостивар
ТОП 25 – Тијана Ристовска, Скопје
ТОП 25 – Ангела Дуковска, Битола
ТОП 25 – Николче Манасиев, Штип
ТОП 25 – Кирил Груевски, Битола
ТОП 25 – Јана Дарија Јордановски, Македонски Брод
ТОП 25 – Јована Јакимоска, Кичево
Сите добитници на наградите ќе бидат контактирани во тек на месец декември за доставата на наградите.