Се известуваат сите студенти од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ Свети Николе – Битола дека ќе имаат можност да учествуваат на работилницата. Бидејќи бројот на учесници е ограничен, потребно е сите заинтересирани навремено да испратат CV и мотивационо писмо.
Цели на едукацијата:
1. Освестување на клучните лични потреби и мотиви кај луѓето кои работат во хуманистичките области
2. Совладување техники за развoј на сопствената личност и искористување на личните психолошки способности и психолошки потенцијали кај луѓето кои работат во хуманистичките области
3. Подобруваwе на способноста за откривање на психолошки важните показатели во однесувањето на луѓето
4. Многу други нешта кои спонтано ќе се развијат и унапредат во една спонтана, природна комуникација.
Практични активности кои ќе се применат на работилницата:
• Практични психолошки работилници
• Психотераписки вежби од: Психосинтезата, Психодрамата, Арт психологијата (Ликовна психотерапија и Музикотерапија), Водена фантазија, визуелизација.
• Куса практична психолошка, длабинска работа со едукантите (членовите на едукацијата) со едукаторот.