Меѓународниот Славјански Универзитет ,,Г.Р. Державин“ – Свети Николе – Битола Ве известува дека организира тркалезна маса на тема:
„Организација, тактика на гаснење пожар на високи објекти и однесувањето на пожарникарите“,
која е предвидена да се одржи на 10 мај 2014 година, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет ,,Г.Р. Державин“ – Свети Николе, со почеток во 10:00 часот.
Целта на тркалезната маса е да овозможи едукација на стручни лица за организација, тактика, однесување и безбедност од пожари, со презентација на научни, технички и практични случувања.
Присутни ќе бидат познати професори од областа на безбедност од пожари и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, како и специјалисти од ППЗ од Република Северна Македонија. Носители на предавањата на тркалезната маса ќе
бидат:
1. проф. Roy Barraclough, командант на 4 ППЕ во
областа “SURFLOK” во Велика Британија.
2. проф. д-р Драган Карабасил од Високата техничка школа за стручни студии од Нови Сад.