
МСУ дел од одбележувањето на 80 години од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
10 март 2026
Повик за студенти од МСУ: Blended Intensive Programme „Developing projects under European programmes“ во Бугарија
11 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да создава нови можности за своите студенти преку меѓународни академски програми и партнерства. Во рамки на европските иницијативи за мобилност и академска соработка, се отвора можност за учество на студенти од МСУ во Blended Intensive Program (BIP) со темата „Social Entrepreneurship from a Regional and International Perspective“, која ќе се реализира во Оломоуц, Чешка.
За програмата студентите ќе добијат финансиски средства во согласност со правилата на Erasmus+ програмата. Со добиените средства студентите ќе можат да ги покријат трошоците за престојот на програмата.
Основни информации:
- Физичка мобилност: 20.04.2026 – 24.04.2026
- Виртуелна мобилност (онлајн предавања): 13.04.2026
- Локација: Универзитет „Палацки“ во Оломоуц, Чешка.
Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 4 студенти.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 17 март 2026 година. По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Критериуми
- Да сте редовен студент на Меѓународен Славјански Универзитет (прв циклус студии)
- Валиден пасош
- Солидно познавање на англиски јазик
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим. Селекцијата на кандидатите ќе биде во согласност на правилата на Erasmus+ програмата.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на erasmus@msu.edu.mk или на +389 70 308 557.
Напомена: Предност имаат студентите кои не се учествувале во Еразмус+ активности.
Апликацијата е затворена.




