
Повик за студенти од МСУ: Blended Intensive Programme „Developing projects under European programmes“ во Бугарија
11 март 2026
Потпишан протокол за академска соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и Медицинскиот универзитет – Софија
13 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на Мевлут Атабеј од Универзитетот „Муш Алпарслан“ од Република Турција, кој го посети универзитетот во рамки на програмата Еразмус+ за мобилност и обука на административен кадар, чија цел е размена на знаења, искуства и добри практики помеѓу високообразовните институции.
За време на посетата, гостинот се запозна со општото функционирање на административните и финансиските процеси на универзитетот, со посебен акцент на организацијата и практичната реализација на сметководствените активности. Во рамки на програмата беа одржани средби со вработени од универзитетот, при што се презентираше начинот на кој се организира и спроведува сметководствената работа.
Посетата претставуваше значајна можност за размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка во рамки на програмата Еразмус+. На крајот од мобилноста беше направена евалуација на реализираните активности, при што беше потврдена успешната реализација на програмата и позитивното искуство од соработката со Меѓународен Славјански Универзитет.




