
МСУ и Киноверзум годинава со тројца учесници на Forbes Under 30 Summit во Охајо, САД
12 октомври 2025
Меѓународен Славјански Универзитет учествува на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа
21 октомври 2025Денес Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на Неговата Екселенција г. Алиреза Ирваш, амбасадор на Исламската Република Иран за Бугарија и Македонија, кој беше во придружба на својата сопруга, г-ѓа Шахин Ирваш.
Во рамки на посетата амбасадорот Ирваш оствари средба со претседателот на Управниот одбор на МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев и со ректорот на МСУ, проф. д-р Васко Стамевски.
На состанокот се разговараше за можностите за идна соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на унапредување на квалитетот на високото образование, размена на искуства и создавање нови можности за студентите.






По средбата, амбасадорот и неговата сопруга го посетија Народниот музеј во Свети Николе, каде што имаа можност да се запознаат со богатата историја и културното наследство на нашиот регион.

Посетата претставува значаен чекор во насока на продлабочување на академските и културните врски меѓу Северна Македонија и Исламската Република Иран.





