Славјанскиот универзитет во Битола вчера и денес беше седиштето каде што се вршеше обука на вработените од ЗК Пелагонија – Битола и студенти на Факултетот за безбедносно инжинерство од областа на заштита при работа и пожар од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Дводневните активности денес во 13 часот беа заокружени со практична вежба во која учествуваа повеќе институции, каде што пред присутните се демонстрираше спремност и вештини за спасување на лица во опожарен објект.