Со големо задоволство го најавуваме настанот Денови на психологија 2024, кој ќе се одржи на 29 и 30 ноември. Годинава главната тема на настанот е „Грижа за себе“ – важен аспект во полето на менталното здравје, кој е од особено значење за заедницата на студенти, професионалци и експерти.
Годинава, Меѓународен Славјански Универзитет соработува со српската платформа Siguran Prostor / Feel Safe Hub и нејзиниот основач Милица Крстиќ, дел од престижната 30 Under 30 листа на Forbes заради нејзината иновативна работа во полето на менталното здравје. Деталите околу соработката беа утврдени на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.
Програмата на настанот вклучува инспиративни дискусии, интерактивни панели и можност за сите присутни да се поврзат и разменат искуства и идеи. Овој настан е одлична прилика за сите кои сакаат да добијат подлабоко разбирање за грижата за себе и нејзината важност во контекст на психолошката благосостојба.
Детална агенда на настанот како и официјалните материјали ќе бидат објавени наскоро.