Нашата група „Державинци“, како една од 22 наградени групи, денес настапи на гала-концертот од фестивалите за воени песни „Алёша“ и „Серебряные жаворонки“ кои се одржуваат во Софија.
Помеѓу наградените, имаше и музички групи и солисти од Куба, Русија, Казахстан, Молдавија, Бугарија и Украина.
Првиот круг на фестивалите се одржа во Софија и заедно имаа повеќе од 1300 учесници, од кои жирито избра 22 лауреати. Нашите „Державинци“ беа единствената група која настапи од Македонија.
Тие пееја на руски јазик и се претставија со песната „Смуглянка“, а водечки вокал беше нашата студентка Анастазија Даневска.
Наградите за настапот на нашите „Державинци“ ги врачи доц. д-р Емилија Лазарова од фондацијата „Устойчиво развитие за България“.