Работилница на тема: Менталното здравје и младите
5 јуни 2014Меѓународна научна конференција на тема „Македонија и Балканот 100 години од првата светска војна – безбедност и евроатлански интеграции“
16 јуни 2014Со гордост ви соопштуваме дека нашиот студент Дарко Илиевски го освои престижното второ место на финалната вечер на Макфест 2014, која се одржа на 7-ми јуни, сабота.
На фестивалот тој се претстави со прекрасната песна „Кога најмногу ми требаш“, која не помина незабележано кај публиката. Тргнувајќи од добро осмислената песна напишана од Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска, интерпретацијата, па се до сценскиот настап , кој сам по себе беше уникатен и допадлив, можеме да кажеме дека Дарко ја воодушеви македонската јавност.
Му честитаме на Дарко за овој голем успех и му посакуваме многу успешна кариера. Дарко, горди сме на тебе!