
Со проф. д-р Ана Чучкова зборуваме на тема „Денови на психологија“ во единаесеттата епизода од поткастот „На студентско кафе со…“
25 ноември 2024
Денови на психологијa: Успешен почеток во Битола – продолжуваме утре во Свети Николе
29 ноември 2024Викторија Велкова, вработена во Канцеларијата за меѓународни односи при Меѓународниот Славјански Универзитет, го претставуваше универзитетот на семинарот организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ). Настанот се одржа од 20 до 22 ноември 2024 година во хотелот „Радика“ во Маврово, Северна Македонија.
Семинарот имаше за цел да ги информира учесниците за тековните приоритети и иновации во високото образование, како и за можностите преку програмата Еразмус+. Првата сесија се фокусираше на темите инклузија, дигитализација и зелена агенда во високото образование, каде што се дискутираа начини за промовирање на овие приоритети.
Во текот на вториот ден, беа презентирани новите можности за партнерства за соработка во рамките на Еразмус+ од страна на експертите од НАЕОПМ. Особено внимание беше посветено на стандардите за кариерно советување преку интерактивни работилници, како и на менаџирањето на проектите во високото образование.
Последниот ден се одржаа панел-дискусии на теми како што се Европас, Евро-гајденс, дигитализацијата и инклузијата во високото образование. Учесниците имаа можност да разменат искуства и да предложат нови стратегии за подобрување на мобилноста и соработката меѓу високошколските институции.
Преку своето учество на овој семинар, МСУ ја потврди својата посветеност кон унапредување на меѓународната соработка и интеграцијата на европските стандарди во високото образование.










