
Премиерна изведба на „Сега му е мајката“ од Алтернативен театар Пробатон
13 март 2025
Еразмус+ мобилност: Јашар Дестаноглу од Истанбулски Универзитет Сабахатин Заим на МСУ
25 март 2025На 15 март, Меѓународен Славјански Универзитет беше горд учесник на Саемот за образование во Skopje City Mall, организиран од Студентарија — настан кој уште еднаш ја потврди важноста на дијалогот меѓу академијата и идните студенти.
Нашиот универзитет се претстави со целосната понуда на студиски програми, со посебен акцент на Факултетот за психологија – еден од најпопуларните и најбарани правци на студирање кај новите генерации. Посетителите имаа можност директно да се запознаат со нашите професори и претставници, да постават прашања, да добијат совети и насоки за идниот академски пат – и, што е најважно, да ја почувствуваат енергијата и визијата што ја носи Меѓународен Славјански Универзитет.
Присуството на вакви настани е дел од нашата долгорочна стратегија за активна вклученост во заедницата, промоција на квалитетно образование и охрабрување на младите да направат информиран избор за својата академска и професионална иднина.

Благодарност до сите средношколци, идни академци, родители и професори кои не посетија – вашата љубопитност и интерес ни се најголем поттик за идни иницијативи.





