Денес, 15.10.2020, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беа склучени договори за соработка со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Северна Македонија и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Северна Македонија.
Потписници на договорите беа ректорката на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Северна Македонија, Пецо Грујовски и претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Северна Македонија, Живко Митревски.
Со овие договори на членовите на синдикатите и нивните семејства им се овозможува користење на промотивни пакети за студирање на сите факултети и студиски циклуси кои се реализираат на МСУ.