Вчера, 30-ти јануари 2014-та година, во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу МСУ „Г. Р. Державин“ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска и театарска академија, ЕСРА Париз – Скопје – Њујорк.
Потпишувањето на овој меморандум значи дека двата Универзитети ќе работат на развивање на заеднички истражувачки активности, ќе учествуваат во заеднички промотивни и продукциски проекти, проекти за развој и професионализација и исто така ќе работат на проекти за развивање и промоција на општествената одговорност, како и организирање на настани од хуманитарен карактер.
Ќе бидат организирани и дисперзирани студиски програми од сите катедри на двата Универзитети, ќе се организира е-учење, кое што ќе се однесува и на соработката со нашиот партнерски универзитет од Тамбов, Русија, како и Универзитетите од Франција, Германија и Холандија со кои соработува ЕСРА.
Меѓу другото, двете институции заеднички ќе работат и на проекти од областа на културата и ќе учествуваат во организација на Фестивалот на руската култура, кој е организиран од МСУ, и Фестивалот на Францускот филм, кој е организиран од страна на Универзитетот ЕСРА.
Линк до страницата на ЕСРА