Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од комбинираната интензивна програма организирана од страна на Великотрновскиот Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ (ВТУ) од Бугарија во рамки на Еразмус+ програмата. Програмата, насловена како “Project Development”, се одржа од 24. март до 28. март 2025 година и беше наменета за студенти.
Во програмата учество земаа пет студенти од Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. Тие имаа можност активно да учествуваат во предавања и практични работилници поврзани со развој на проекти, преку кои се запознаа со клучните фази на планирање, организирање и спроведување на еден проект, стекнувајќи корисни вештини што ќе им користат во идните академски и професионални предизвици.
Преку меѓународните програми како Еразмус+, студентите се подготвуваат за справување со професионални предизвици и го збогатуваат своето образовно искуство со примена на теоретски знаења во практични средини. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да овозможува подобри услови за студентите преку учество во Еразмус+ и слични програми.