
Резервирајте влезници: Крешимир Мишак доаѓа во Штип, Битола и Скопје
23 ноември 2025Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет учествуваат во меѓународниот академски проект организиран од Универзитет „1 Декември 1918“ – Алба Јулија, Романија, кој се одржува во хибриден формат со физичка и онлајн компонента. Програмата е наменета за студентите од јавна администрација, право и сродни области, и има за цел да го продлабочи разбирањето за етичките, институционалните и културните аспекти на локалното управување во различни земји.
Физичкиот дел од програмата се реализира од 24 до 28 ноември 2025 година во градот Алба Јулија и неколку други локации во регионот. Во текот на оваа интензивна 5-дневна програма, студентите имаат можност да следат осумчасовни дневни активности кои комбинираат теоретски предавања, практична обука и културни посети.
Преку работилници, практични активности и теренски посети, учесниците се запознаваат со етиката и деонтологијата во јавната администрација, концептот на развој на заедницата, разликите меѓу урбано и рурално управување, како и со функционирањето на локалната власт во различни региони и административни системи. Онлајн компонентата се одржува на 11 и 16 декември 2025 година, кога студентските тимови од секоја учесничка институција ќе ги презентираат своите проекти.
Преку оваа соработка, студентите на Меѓународен Славјански Универзитет имаат уникатна можност да стекнат применливо знаење, да воспостават интернационални академски контакти и да ја прошират својата перспектива за јавната администрација и локалното управување во европски контекст.




