
Македонско-кинеска културна вечер во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет
7 март 2026
МСУ дел од одбележувањето на 80 години од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
10 март 2026На факултетот за психологија во Битола се реализира интерактивна работилница, водена од проф. д-р Горица Поповска Налевска, со учениците од ОУ “Тодор Ангелевски” и класниот раководител Симона Монавчева, на тема „Кој сум јас во свет полн со гласови и лајкови?“. Активноста беше насочена кон поддршка на децата во периодот на пубертет, кога се случуваат значајни физички и емоционални промени и кога започнува поинтензивно градење на личниот идентитет.




Преку разговори и интерактивни активности се обработија теми поврзани со самодовербата, врсничкиот притисок, влијанието на социјалните мрежи и начините на справување со негативни коментари и сајбер булинг. Продолжуваме да градиме мостови меѓу образованието, науката и младите – затоа што вложувањето во нивниот психолошки и личен развој е вложување во подобро општество.




