Амфитеатарот во Свети Николе исполнет до последно место: Инспиративно предавање на Крешимир Мишак
21 септември 2025Михаела Ѓорчева со обраќање во Њујорк на Climate Week NYC за време на UNGA80
26 септември 2025Во Њујорк започна Climate Week NYC 2025, најзначајниот глобален настан посветен на климатските промени и одржливиот развој, кој традиционално се одржува паралелно со 80. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Меѓународен Славјански Универзитет со особена гордост објавува дека за првпат е дел од овој глобален собир. Универзитетот е претставен преку активното учество на Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на МСУ и основач на Киноверзум. Таа ќе земе учество на вкупно четири настани во рамките на Climate Week, меѓу кои и едно нејзино обраќање.
Неделата беше отворена со престижниот Forbes Sustainability Leaders Summit 2025, кој се одржа во просториите на списанието Forbes на Петатта Авенија. Настанот собра светски познати лидери, визионери и експерти од областа на одржливоста. Меѓу говорниците се издвојуваа актерот и долгогодишен еко-активист Харисон Форд, приматологот и активистка за заштита на природата Џејн Гудал, како и експерти и претставници од НАСА и компании како Cisco и Apple, кои важат за глобални предводници во примената на одржливи практики. Присуството на градоначалникот на Кливленд, Џастин Биб, дополнително ја истакна важноста на вклучувањето на градовите во борбата со климатските предизвици.
Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен во градењето глобални партнерства и промовирањето на одржливи решенија. Со тоа, универзитетот ја зацврстува својата улога како институција што активно придонесува кон креирањето подобра иднина за сите.