Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Македонска Каменица во СОУ „Методија Митевски Брицо“, Пехчево и Берово во СОУ „Ацо Русковски“, Делчево во СОУ „Гоце Делчев“, во СУ „Никола Карев“, СУ „Јане Сандански“, ДЗПУ „Димитар Влахов“ во Стумица и пред матурантите од Радовиш во СОУ „Коста Сусинов“.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.
И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нe’ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!
15 години Меѓународен Славјански Универзитет.