Во десеттата епизода од студентскиот поткаст гостува Марија Атанасова која е дипломиран студент на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет, а во моментов студира на втор циклус студии.
„Ти си ми сѐ“ е насловот на композицијата со која Марија Атанасова годинава учествуваше на фестивалот „Макфест“ во Штип. По тој повод, во новата епизода на нашиот студентски поткаст разговараме со Марија за тоа како е да се биде студент на Меѓународен Славјански Универзитет, нејзиното искуство со музиката и фестивалот Макфест.
Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти на МСУ, го водеше интервјуто и поставуваше прашања.
Бидете дел од овој наш проект и придружете ни се секоја сабота за нова епизода од поткастот „На студентско кафе со…“.
Ве покануваме да предложите тема и професор со кој би сакале да разговараме. Вашите идеи се секогаш добредојдени и ќе ни помогнат да го направиме поткастот уште поинтересен и порелевантен за вас. Вашите коментари и предлози може да ги испраќате преку формата дадена подолу.
Следете не и останете во тек со најновите епизоди!