Упис на последипломски студии – 2024/2025
24 март 2024Упис на додипломски студии – 2024/2025
27 март 2024Меѓународен Славјански Универзитет продолжува со активностите за промовирање на своите студиски програми пред матурантите од целата држава. Нашата најнова посета беше во Куманово на 21. март 2024 година, каде нашиот тим одржа презентации во три средни училишта, со цел да ги запознае идните студенти со достапните студиски програми, можностите за финансиска поддршка и динамичниот студентски живот на универзитетот.
Презентациите беа реализирани во следните училишта: ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и СОУ „Перо Наков“. Секоја од презентациите беше прилагодена според интересите на учениците, обезбедувајќи детални информации за студиските програми, студентските активности и кариерниот развој што го нуди МСУ.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува со презентирање на своите програми и во другите градови, со што активно работи на поврзување со матурантите и поддршка на младите во нивниот образовен и професионален развој.