Летово четири млади кугларки од кугларскиот клуб Пелистер Пин од Битола беа дел од Кампот за најдобрите млади хрватски куглари организиран од Хрватскиот кугларски сојуз. Кампот се одржа во градот Оточац, Хрватска, од 10 до 14 август, а кугларките беа предводени од Игор Михајловски како тренер.
Кугларскиот клуб Пелистер Пин официјално е универзитетски кугларски клуб на Меѓународен Славјански Универзитет.