Почитувани учесници,
Ве известуваме дека резултатите од конкурсот „Јас, Итар Пејо“ ќе бидат објавени на 15.09.2017 (петок). Официјалната жири комисија ќе започне со работа на 10.09.2017 и тогаш ќе биде јавно објавена, кога ќе биде објавен и нејзиниот состав. Изложбата на карикатурите и свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 27.10.2017 (петок) во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.