Свечен почеток на академската година на Меѓународен Славјански Универзитет
2 октомври 2024МСУ со две обраќања на Глобалниот образовен самит во Индија
6 октомври 2024Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да создава нови партнерства ширум светот. На 2. октомври во Мохали, Индија беше потпишан меморандум за соработка со нашиот најнов партнер од Индија, Група колеџи Чандигар, означувајќи ново поглавје во нашата меѓународна академска соработка.
На потпишувањето во Индија присуствуваа м-р Михаела Ѓорчева и Иван Спасев членови на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, поставувајќи основа за интензивна соработка за истражувања и мобилност на студенти и кадар.
Партнерството има за цел да отвори нови можности за студентите и академскиот кадар преку заеднички проекти, размена на знаења и пристап до образовни ресурси. Оваа стратешка соработка е важен чекор во интернационализацијата на универзитетот и унапредување на образовните стандарди.