Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет во посета на Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Бугарија преку програмата Еразмус+
29 јули 2025Посета од Универзитетот Бинали Јилдирим од Ерзинџан преку програмата Еразмус+
1 август 2025Во рамки на програмата Еразмус+ за обука на академски и административен кадар, Меѓународниот Славјански Универзитет имаше чест да биде домаќин на двајца истакнати претставници од Универзитетот Окан во Истанбул, Турција: Сибел Сами, специјалист за планирање на обука на пилоти, и Угур Екер, менаџер за обука на пилоти и главен инструктор по теоретски знаења во Одобрениот центар за обука на пилоти при нивниот универзитет.
Посетата се одржа во периодот од 25 до 31 јули 2025 година. За време на нивниот престој, гостите имаа обиколка на кампусот на универзитетот во Свети Николе и учествуваа во повеќе активности организирани од Канцеларијата за меѓународни односи.
Во рамки на посетата на кампусот во Свети Николе, тие остварија средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет, како и со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи. Средбата помина во пријатна атмосфера на размена на искуства и идеи за идни форми на соработка.
Им благодариме за нивната посета и се радуваме на продолжување и продлабочување на меѓународната соработка.