Факултет со долга традиција
Факултетот за психологија, основан само една година по формирањето на нашиот универзитет, веќе од 2005 година се стреми кон врвни академски и истражувачки достигнувања. Нашиот факултет им помага на студентите да развијат длабоко разбирање за човечкото однесување и менталните процеси, овозможувајќи им да гледаат на светот од различни перспективи и да ги применуваат стекнатите знаења за подобрување на животот на сите околу нив.
Со современи студиски програми и посветен наставен кадар, Факултетот за психологија е внимателно се грижи за развојот на своите студенти и нивната подготовка за успешна кариера.
Факултетот за психологија нуди четиригодишни додипломски студии кои обезбедуваат силна основа во теоријата и практиката на психологијата. Дополнително, едногодишните и двегодишните последипломски студии им овозможуваат на студентите да се специјализираат во одредени области и да ги унапредат своите професионални вештини и кариерни можности.
Додипломски студии четиригодишни
Последипломски студии едногодишни и двегодишни
Знаење и вештини пред сè
Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет нуди можност за учење од најдобрите професионалци во областа на психологијата. Студентите ќе стекнат непроценливи знаења и вештини кои ќе ги подготват да се соочат со предизвиците на современото живеење и ќе ги направат компетентни и успешни психолози.
Современи програми за успешни психолози
Важно е како ќе го користите она што ќе го научите
Студиските програми им овозможуваат на студентите да стекнат квалитетно теоретско и практично познавање од областа на психологијата, но и да научат како да го надоградуваат, проверуваат и преиспитуваат своето и туѓото психолошко мислење.
Работата со флексибилна и променлива материја, како што се луѓето, носи големи барања. Затоа, се стремиме да ги научиме нашите студенти како да ги применуваат стекнатите знаења во реалниот свет и да станат компетентни и успешни професионалци.
Современи програми согласно светските трендови
Студиската програма Општа психологија на додипломските студии и програмите Клиничка и советодавна психологија и Психологија во социјална заштита на вториот циклус студии се креирани согласно најновите глобални стандарди во психологијата.
Студентите имаат можност да се запознаат со најсовремените студиски програми кои ги вклучуваат најновите истражувања, техники и методологии. Со ова можат да бидат сигурни дека нивното образование ќе биде релевантно и применливо во професионалниот свет, подготвувајќи ги да се справат со различните предизвици во својата кариера и да обезбедат висококвалитетни психолошки услуги.
Практична + теоретска подготовка
Факултетот за психологија нуди не само теоретска подготовка и практична настава која задолжително се реализира во текот на студиската година во сите институции во кои психолозите работат: во училишта, центри за ментално здравје, клиники, центри за социјална работа и многу други институции.
На факултетот исто така се организираат и многу семинари, работилници и настани со надворешни соработници и истакнати експерти од праксата, што е од непроценливо значење за нашите студенти, кои имаат единствена можност да учествуваат на нив.
Реална практична подготовка
Меѓународна соработка
Како факултет сме посветени на идејата за континуирано учење, личен и професионален раст и развој. Се стремиме постојано да учиме и да ги применуваме најуспешните практики од најдобрите универзитети, со цел да обезбедиме највисок квалитет на образование за нашите студенти.
Оваа посветеност им ја пренесуваме и на нашите студенти. Преку организираните студентски размени, тие имаат можност да ги посетат психолошките истражувачки центри и да ја следат работата на странски професионалци во областа на психологијата. На овој начин, нашите студенти добиваат уникатна можност да стекнат глобално искуство и знаење.
Со студиите веруваме дека ќе:
- ги разберете комплексните ментални процеси;
- се запознаете себеси и другите;
- развиете аналитички вештини;
- го унапредите сопственото ментално здравје;
- развиете вештини за справување со стресот;
- научите како да спроведувате научни истражувања од различни области на оваа широка дисциплина.