За факултетот

Факултетот за информатика кој е во состав на МСУ од 2011-та година е втор дом на бројни млади информатичари кои направија избор своите знаења да ги унапредуваат и надоградуваат на Славјански.

Нашиот факултет нуди две насоки на додипломските студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години (180 ЕКТС).

  • Додипломски
    • Компјутерски системи и мрежи
    • Софтверски технологии

Наставната програма на додипломските студии по информатика во себе вклучува не само теорија, туку и самостојна работа и практична настава.

Во текот на студирањето, на студентите им се задаваат задачи (или помали проекти) од изучениот материјал кои треба да ги изработат самостојно и да ги презентираат на часовите. Токму самостојната работа на овие задачи открива на какви проблеми може да се наиде при креирање на компјутерски програми. Така, студентите заедно со професорот ги разгледуваат опциите зошто една програма функционира, а друга не. На овој начин нашите студенти побрзо го совладуваат предвидениот материјал и покажуваат добри резултати во студирањето.



Практични знаења и вештини

Оваа година дипломира нашата четврта генерација студенти од овој факултет, кои можат да се пофалат со практичните знаења со кои се стекнаа во текот на тригодишниот образовен процес.

Главната цел на Факултетот за информатика е да ги подготви студентите со практични знаења и вештини од областа на компјутерските технологии, со кои тие ќе можат да се вклучат во деловните процеси веднаш по дипломирањето.

Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично информатичко искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.

Современи услови

Факултетот располага со современи компјутерски лаборатории, каде студентите најголем дел од наставата ја поминуваат во реализација на практични информатички вежби и проекти.

Во следниот период нашата главна цел е, со опремување на специјализирани компјутерски лаборатории, заедно со студентите да учествуваме на меѓународни проекти особено во оние области што опфаќаат примена на информатика во медицина, мобилни технологии, smart building systems (примена на информатиката во заштеда на енергија и квалитетно домување), е-бизнис и сл.

Студии со интернационален карактер

Горди сме што секоја година бројот на запишани студенти значително се зголемува и имаме зголемен број на студенти кои извршуваат трансфер од други факултети во Македонија.

Исто така, нашиот факултет има меѓународен карактер, бидејќи покрај студентите од Македонија, имаме студенти и од Хрватска, Турција, Словенија, а според досегашните најави за упис, тој број дополнително ќе се зголемува.


Факултет за информатика | 2017

Уписите на додипломските студии на Факултетот за информатика се веќе започнати! ⏰Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично информатичко искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.И Вие сакате да студирате информатика? ? Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fi/za-fakultetot/ ?Официјален руски партнерски универзитет. ?? ??

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Thursday, June 29, 2017