Нашиот факултет нуди две насоки на додипломски студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години.

Решавањето на проблеми е можеби најважниот дел од информатиката како наука. Предметите кои се опфатени во наставните програми на овие две насоки ќе ги научат студентите за дизајнот и развојот на софтверски решенија кои помагаат во решавање на проблеми од разни области.

На секоја област и се потребни разни видови на софтвер, па така, инженерите по информатика би можеле да работат секаде. Постојат проблеми во инженерството, науката, здравството, економијата и многу други области кои можат да се решат софтверски. Инженерот по информатика е должен да осмисли како би се решил тој проблем, да дизајнира софтверски решение и да го примени.

Завршените студии од областа на информатиката ќе бидат доказ за совладаните техники и вештини и добра основа за понатамошно надоградување.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/


CAPTCHA image